Вработените во МВР кои беа во возилото со дрога се вратиле во Скопје, за случајот ќе постапува и обвинителството
За случајот било известено и нашето јавното обвинителство, со цел натамошно постапување и целосно расчистување. Од МВР посочија дека станува збор за вработени во Секторот за компјутерски криминал, кои на 22 септември тргнале на обука во Црна Гора.
Вработените во МВР кои беа во возилото во кое имало бункер со дрога, а беа фатени на Албанско-црногорската граница, се вратиле во Скопје. За тоа дека немаат поврзаност со криминалот покрај македонското МВР, потврдило и албанското јавно обвинителство – соопштија од Министерството за внатрешни работи.
За случајот било известено и нашето јавното обвинителство, со цел натамошно постапување и целосно расчистување. Од МВР посочија дека станува збор за вработени во Секторот за компјутерски криминал, кои на 22 септември тргнале на обука во Црна Гора. Истите задолжиле службено возило од авто паркот на МВР, кое полицијата го користела откако било добиено од Агенцијата за управување со одземен имот, а запленето од страна на Царинската управа во акција за сузбивање на трговија со дрога во 2016-та година.
Бункертот со марихуана во возилото бил откриен кога стигнале на границата меѓу Албанија и Црна Гора.
