Тенис

Битка за Мајами

28.03.2014 09:12

Со полуфиналните мечеви на вториот мастерс тениски турнир од серијата 1000, денеска почнува битката за трофејот во Мајами.

Со полуфиналните мечеви на вториот мастерс тениски турнир од серијата 1000, денеска почнува битката за трофејот во Мајами.

Полуфиналната програма на машкиот дел од турнирот во 20 часот ќе ја отворат јапонецот Кеи Нишикори и вториот носител Новак Ѓоковиќ, а точно на полноќ ќе играат прворангираниот на АТП листата,Рафаел Надал и чехот Томаж Бердих. Во последните четвртфинални мечеви, Надал со 2-1(4-6,6-2 и 6-4) го елиминира Раониќ и ќе се обиде за прв пат во кариерата да го подигне трофејот во Mајами откако досега на двапати играше во финале, но загуби од Ѓоковиќ во 2011-тата и од Давиденко во 2008-та. Иако навидум лесно со 2-0 во сетови, сепак Бердих на теренот мина 104 минути во дуелот со Долгополов. Чехот првиот сет го доби со 6-4, а откако Долгополов пропушти сет топка во вториот сет, на крајот во тај-брејкот поуспешен одново беше Бердих .

Полуфиналниот меч Нишикори –Ѓоковиќ , МРТ ќе го пренесува на собранискиот сервис од 20 часот.

На женскиот дел од турнирот во финалето ќе играат најуспешната во историјата на Мајами со 6 трофеи Серена Вилијамс и Ли На од Кина. Во полуфиналните дуели во реприза на минатогодишното финале Вилијамс со 2-0 ја победи Шарапова, а победа во 2 сета славеше и Ли На над Цибулкова.