Законодавниот дом игра важна улога во приближување до европските стандарди
Законодавниот дом игра важна улога во приближување до европските стандарди и влез во ЕУ, смета власта. Опозицијата со критика власта да не наметнува закони што се во корист на одредени бизнис интереси, а регулативата да биде од интерес за сите граѓани. Дебатата се водеше на форумот организиран од Фондацијата „Конрад Аденауер“ посветен на улогата на Собранието во развој на демократијата.

Улогата на Собранието во развојот на демократијата е мошне значајно за севкупните процеси за исполнување на стандардите на западните демократии. Законодавниот дом имаше важна улога во донесување на државотворните одлуки за независноста на државата, за изградба на институциите, како и во спроведување реформи кои ќе не доближат до евроинтегративните процеси за влез во Европската унија.
Опозицијата со критички осврт, власта да не наметнува закони кои се од корист на одредени бизнис интереси, тулу легислатива која што ќе биде од бенефит за граѓаните. Треба да се надгради надзорната функција на парламентот во насока на изградба на демократското општество и поголема контрола врз извршната власт.
Дебата се водеше во рамките на конференцијата организирана од Фондацијата „Конрад Аденауер“ за улогата на Собранието во развојот на демократија во контекст на 30- годишнината од независноста на земјава.
Игор Панов
