Локална трансмисија на Ковид-19 во училиштата во Штип
Локална трансмисија на коронавирусот е констатирана во две основни и едно средно училиште во Штип. Заболените ученици се на возраст од 10 до 18 години. Епидемиолозите сметаат дека состојбата во училиштата во Штип не е загрижувачка. Во останатите општини на истокот состојбата на овој план е стабилна и нема трансмисија во училиштата...

Иако наставата во штипските училишта се одвива според здравствените протоколи, расте бројот на заболени ученици и во три училишта констатирана е локална трансмисија. Денес се потврдени четири случаи на заболени ученици, од Центарот за јавно здравје работат на утврдување на бројот на нови ученици во изолација.
Работна група на ниво на општина секојдневно на големите одмори врши контрола во училиштата и според нивните извештаи протоколите се почитуваат.
Штип е едиснтвена општина во источниот регион каде има трансмисија на вирусот во училиштата. Останатите општини имаат едноцифрен број на заразени деца, а во Делчево, Виница и Општина Чешиново – Облешево нема ниту еден случај на заболен ученик.
Славица Величковска
