Централно чествување на стогодишнината од раѓањето на Блаже Конески
Во родното Небрегово на великанот Блаже Конески се одржа централното чествување за стогодишнината од неговото раѓање. Воедно фондацијата со промоција на книги за Конески означи 20 годишна плодна работа во зачувувањето на неговото дело …

Великанот Конески е столбот во македонската култура, литература и поезија. Визионер е за идентитетското опстојување на македонскиот народ-преку својот јазик. Во родното Небрегово на Конески, пред спомен куќата се одржа централното чествување за стогодишнината од неговото раѓање, воедно и 20 години од фондацијата „Небрегово“ која го чува делото на Конески.
За роденденот на Конески, 19-ти декември, МАНУ ќе ја заврши повеќегодишната работа на многутоното издание на неговите дела. Критичкото издание за Конески ќе го потврди вековниот јазичен континуитет.
Владата и УНЕСКО ја прогласија за година на Конески, но е и година на мирот и добрососедството.
Фондацијата „Небрегово“ досега има објавено 14 од вкупно 20 книги за делото на Конески. Во книгата за впечатоци, своите мисли за Конески ги запишале над 720 посетители.
Елизабета Митреска
