Попис 2021

Од утре граѓаните ќе можат да се попишат на одредени локации во својата општина

24.09.2021 15:26

Граѓаните кои биле посетени од попишувач, но не биле најдени дома и им била оставена порака, ако се уште не се евидентирани, од утре ќе може на некоја локација во својата општина физички да отидат и да бидат попишани. Точните места кадешто ќе треба да се обратат ќе бидат објавени на веб страницата на пописот, кадешто ќе има и телефонски броеви на кои ќе може да се се информираат за дополнителни прашања...

Граѓаните кои биле посетени од попишувач, но не биле најдени дома и им била оставена порака, ако сѐ уште не се евидентирани, од утре ќе може на посебна локација во својата општина физички да отидат и да бидат попишани. Точните места кадешто ќе треба да дојдат ќе бидат објавени на веб страницата за попис, кадешто ќе има и телефонски броеви на кои ќе може да добијат дополнителни информации.

Граѓаните пак, кај кои воопшто не дошол попишувач, велат од Државниот завод за статистика, да очекуваат посета во наредните денови.

Последната објавена статистика вели дека се попишани 1 милион 395 илјади граѓани, повеќе од 435 илјади домаќинства и над 600 илјади станови. Преку апликацијата, онлајн евидентирани се и 195 илјади 477 нашинци од дијаспората.

Пописот на населението, домаќинствата и становите почна на 5-ти септември и ќе трае до крајот на месецот.

Анита Димитријевска Велковска