Охрид

Брзиот технолошки развој предизвик за универзитетите

24.09.2021 16:52

Универзитетите треба да се отворат за да му служат на општеството. На тој начин ќе се надмине проблемот со кој се соочува високото образование во 21-от век поради брзиот технолошки развој кој барем засега не може да го следи. Ова е ставот на повеќето учесници на меѓународната научна конференција во Охрид на која носечка тема е „Улогата на високото образование во општеството“.

Во досегашното вековно постоење универзитетите беа задолжени да образуваат,истражуваат и да се бават со наука. Но во 21 век тие имаат уште една мисија-да му служат на општеството за сите потреби што ги има. Пред се заради диспаритетите и ѕидовите кои што постоеја,бидеќи универзитетите образуваа ,а нивните сервиси не стигнуваа во вистинската смисла на зборот преку студентите и дипломците во сите сфери на општеството.

„Сѐ што треба да промениме токму преку ова образование ,па било дуално или било кој начин да го воведеме ,а тоа веќе почнуваме да го правиме,да служиме точно на потребите не само на бизнисот туку на сите структури на општественото живеење. Па и небизнис институциите имааат потреба од нови и современи кадри“, изјави проф. д-р Сашо Коруноски, ректор на Универзитетот „Свети Климент Охридски“-Битола.

За високото образование во општеството долго се дискутира,меѓутоа сеуште нема вистински решенија особено во државите на Балканот.

„Никој не може да каже како ќе се прилагодиме на новите предизвици на современото живеење. Во минатите индустриски и технолошки револуции работите се одвиваа бавно и универзитетите можеа да се прилагодат. Сега технолошкиот напредок е многу брз и ние заостануваме“, изјави проф. д-р Анастас Герџиков, ректор на Универзитетот „Свети Климент Охридски“-Софија.

На собирот учествуваат претставници од најголемите и најзначајните балкански универзитети кои ќе се обидат да изнајдат решенија како високообразовните институции да се отворат кон општеството,да ги слушнат неговите потреби и да ги прилагодат своите програми на се побрзиот техношки напредок.

 

Сашо Нелоски