Локални избори

Утре почнува предизборната кампања

26.09.2021 15:14

Утре почнува кампањата за претстојните локални избори. Завршува по 20 дена - еден ден пред гласањето кога настапува предизборен молк. ДИК потврди 303 листи за градоначалници и 567 за советници. На овие избори има најмногу независни кандидати...

Откако во Државната изборна комисија во петокот донесоа одлука за изгледот на изборното ливче, сега секое поединечно се проверува дали е во ред, вели претседателот на комисијата Даштевски. Утре почнува изборната кампања за локалните избори во земјава. Комисијата и натаму го спроведува донесениот роковник.

Вчера завршиле последните обуки на Општинските изборни комисии, а од утре ќе почнат и едукациите на Избирачките одбори, вели Даштевски. 130 едукатори се подготвувале еден месец, а во моментов се подготвуваат и две групи по 30 технички лица кои ќе ги вршат обуките. Претседателот на ДИК очекува од партиите да го почитуваат потпишаниот кодекс.

Кампањата завршува на 15-ти октомври на полноќ. Вториот круг избори ќе се одржат на 31-ви октомври, а кампањата за втор круг ќе трае до полноќ на 29-ти октомври.

 

Ана Јосифоска Тодоровска