Ковид-19

Од утре почнува вакцинацијата со трета доза

26.09.2021 15:21

Утре почнува вакцинацијата со трета доза „Фајзер“. Граѓаните над 60 години, кај кои се препорачува аплицирање на трета доза ќе бидат информирани преку СМС порака. Трета доза ќе примат и здравствените работници и лицата со имунокмпромитирачки болести, со потврда, информира министерот за здравство Венко Филипче...

Од утре почнува аплицирањето на третата доза на вакцина. Лицата над 60 години на мобилните телефони ќе добијат известување за вакцинацијата, за времето и датумот самите треба да решат. Трета доза ќе примаат и здравствените работници, како и лицата со имунокомпромитирачки болести, со лекарска потврда. Ќе се аплицира вакцината на „Фајзер“ и нема да има ризик доколку лицата претходно примиле вакцина од друг производител, информира министерот за здравство Филипче.

Филипче дополни и дека за околу две недели ќе почне антиген скринингот во училиштата. За процесот ќе бидат потребни меѓу 40 и 50 илјади тестови. Во моментов се работи на методологијата на тестирањето, рече министерот.

Филипче не е задоволен поради опаѓање на интересот за вакцинација, што води кон колективен имунитет. Досега се вакцинирани над 700.000 граѓани со најмалку една доза.

 

Марија Котовска