Стартува кампањата за локалните избори
Почнува изборната кампања за седмите по ред локални избори. Социјалдемократите стартуваат од Битола, ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, ДУИ од Гостивар, Беса од Скопје...

Почнува изборната кампања за седмите по ред локални избори. Социјалдемократите стартуваат од Битола, ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, ДУИ од Гостивар, Беса од Скопје.
Партиите ветуваат фер и демократски изборен процес, со целосно почитиување на пропишаните протоколи. Во трка влегуваат близу 11 илјади кандидати за градоначалници и советници во 80 општини и Градот Скопје. 301 кандидат за градоначалник, од кои 26 се жени и 576 листи за советници.
ВМРО-ДПМНЕ на овие локални избори оди со 62 кандидати, СДСМ со 68, ДУИ има кандидати во 19 општини, Алијанса и Алтернатива со 15 кандидатури. Независни, поддржани од група граѓани одат 24 кандидати.
Според Избирачкиот список, право на глас на овие избори имаат 1.824.864 граѓани. За прв пат идентитетот на граѓаните ќе се утврдува преку терминали за читање отпечаток од прст.
Кампањата завршува на 15-ти октомври на полноќ. Првиот круг од локалните избори е закажан на 17-ти, а вториот на 31-ви октомври.
