Митинзи и средби со граѓаните на претседателските кандидати

28.03.2014 09:27

Кандидатите за претседател на Република Македонија и партиите што ги поддржуваат денеска ја продолжуваат предизборната кампања со митинзи и средби со граѓани во повеќе градови и населени места...

Ѓорѓе Иванов, претседателскиот кандидат на коалицијата „За подобра Македонија“ , ќе одржи митинзи во Велес, Неготино и Кавадарци, како и помали митинзи во Градско и во Росоман.  
 
СДСМ, со кандидатот Стево Пендаровски, најавува средби со граѓани во Шуто Оризари, Чучер Сандево, Чаир и во Бутел.
 
Средби со граѓани ќе одржи и ДУИ, во Тетово и во пет општини во Тетовско, а ДПА со кандидатот Илијаз Халими ќе се претстави на митинг во Дебар.
 
Коалицијата ГРОМ со својот кандидат Зоран Поповски, ќе одржи митинзи во Злетово, Кратово и Пробиштип.