Османи оствари телефонски разговор со Пандор

27.09.2021 09:32

Главна тема на разговор на двајцата министри беше можноста за воспоставување на дипломатски односи меѓу Република Северна Македонија и Јужноафриканската Република, а воедно, заеднички беше констатирано дека двете земји иако географски оддалечени, имаат потенцијали за соработка во различни сфери.

Mинистерот за надворешни работи, Бујар Османи оствари телефонски разговор со министерката за меѓународни односи и соработка на Јужноафриканската Република, Наледи Пандор, соопштува МНР.

Главна тема на разговор на двајцата министри беше можноста за воспоставување на дипломатски односи меѓу Република Северна Македонија и Јужноафриканската Република, а воедно, заеднички беше констатирано дека двете земји иако географски оддалечени, имаат потенцијали за соработка во различни сфери.

Соговорниците разменија мислења за преземање идни чекори во насока на воспоставување и развој на заедничките односи, при што се очекува, посебен фокус во иднина да биде ставен на економската соработка и зајакнувањето на трговската размена како основа за натамошна реализација на проекти од заемен интерес.