Тесна победа на Социјалдемократите во Германија

27.09.2021 09:10

СПД од левиот центар имаат околу 26% од гласовите, а зад нив е блокот на ЦДУ/ЦСУ.

Германските Социјалдемократи извојуваа тесна победа на парламентарните избори, освојувајќи мандат да ја водат владата прв пат од 2005-та година. Со ова официјално ќе заврши 16-годишното владеење на конзервативците на канцеларката Ангела Меркел.

СПД од левиот центар имаат околу 26% од гласовите, а зад нив е блокот на ЦДУ/ЦСУ.

Со оглед на тоа да ниеден блок нема мнозинство, а овие два би сакале да избегнат уште една голема коалиција во последните четири години, најверојатно ќе биде формиран тристран сојуз со некоја од помалите партии, меѓу кои се Зелените и Либерал-демократите.