Силен земјотрес од 5,8 степени на грчкиот остров Крит

27.09.2021 09:36

Според локалните медиуми, жителите на градот Ираклио ги напуштија домовите и објектите и се на улиците, а според првичните информации, земјотресот траел долго и бил почувствуван на целиот остров.

Силен земјотрес со јачина од 5,8 степени беше регистриран утрово, јужно од градот Ираклио на грчкиот остров Крит.

Според локалните медиуми, жителите на градот Ираклио ги напуштија домовите и објектите и се на улиците, а според првичните информации, земјотресот траел долго и бил почувствуван на целиот остров.

Земјотресот беше регистриран во 9 часот и 17 минути по локално време, епицентарот е на копно, а не во морскиот дел, 23 километри северозападно од градот Арви, што се наоѓа јужно од Ираклио.