Проект „Филмска училница“ во Кинотека

27.09.2021 10:31

Почнувајќи од 16-ти октомври, во наредните 10 недели секоја сабота во кино салата на Кинотеката посетителите ќе проследат пет школски часа кои ќе бидат посветени на една тема. Кинолози од Кинотеката како и филмски професионалци ќе ги водат часовите низ предавања, вежби, гледање на филмови, дискусии и креативни работилници.

„Гледај филм, учи и создавај“ е мотото на проектот „Филмска училница“ во организација на Кинотека преку која учесниците од средните училишта ќе можат да се запознаат со аудио-визуелно културно наследство на Република Северна Македонија, со основите на филмскиот јазик, и ќе имаат можност да креираат свои, авторски филмски етиди, инспирирани од богатата ризница на македонската кинематографија.

Почнувајќи од 16-ти октомври, во наредните 10 недели секоја сабота во кино салата на Кинотеката посетителите ќе проследат пет школски часа кои ќе бидат посветени на една тема. Кинолози од Кинотеката како и филмски професионалци ќе ги водат часовите низ предавања, вежби, гледање на филмови, дискусии и креативни работилници.

Идеен творец на целиот проект е режисерката Марија Џиџева, која ќе биде координатор и модератор на предавањата.

Идејата на овој проект е подигање на свеста на младите луѓе за значењето, вредноста и влијанието на националаното аудио-визуелно наследство, поттикнување на истражувачко љубопитство, запознавање со вештини за истражувачка работа, со идеја за нивно вклучување во откривање на нови аудио-визуелни материјали од локални и приватни архиви, како и развивање на имагинацијата за создавање на лични аудио-визуелни приказни, инспирирани од историјата на македонската кинематографија.

Од оваа година се воведува и Филмска училница за наставници и професори, и првата филмска училница ќе биде наменета за нив.

Проектот е финансиран од Министерството за култура.