Македонија
Бесплатна телефонска линија за повреда на избирачкото право на граѓаните за локалните избори
27.09.2021 10:53
Оваа линија функционира за време на кампањата, како и за време на двата изборни кругови.

Отворена бесплатна телефонска линија на Народниот правобранител 0800- 54- 321 за пријавување на повреда на избирачкото право при одвивањето на локалните избори.
Оваа линија функционира за време на кампањата, како и за време на двата изборни кругови.
По пријавите на граѓаните ќе се постапува веднаш, а сите поплаки кои ќе стигнуваат по завршување на работното време, по 16 часот, ќе бидат снимени, посочуваат од канцеларијата на Народниот правобранител.
