Урсула фон дер Лајен утре во посета на Македонија
Според агендата, предвидено е двете делегации да заминат во Младинскиот културен центар, каде, по настанот предвиден во фоајето на МКЦ, ќе се упатат кон Кино Фросина каде ќе се одржи заедничка прес-конференција на премиерот Заев и претседателката на ЕК, фон дер Лајен.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен утре ќе допатува во посета на земјава. Фон дер Лајен ќе биде пречекана од премиерот Зоран Заев на платото пред Владата.
Според агендата, предвидено е двете делегации да заминат во Младинскиот културен центар, каде, по настанот предвиден во фоајето на МКЦ, ќе се упатат кон Кино Фросина каде ќе се одржи заедничка прес-конференција на премиерот Заев и претседателката на ЕК, фон дер Лајен.
Портпаролот на Европската Комисија, Ерик Мамер, претходно најави дека претседателката на ЕК во Скопје ќе разговара и за спорот со Бугарија.
Фон дер Лајен од 28-ми до 30-ти септември ќе ги посети сите шест земји од Западниот Балкан почнувајќи од Албанија и Македонија.
Шефицата на ЕК доаѓа во посета на регионот една недела пред Самитот ЕУ-Западен Балкан, кој ќе се одржи на 6-ти октомври во Словенија. Од ЕУ инсистираат дека овој самит нема да биде „самит за проширувањето“ туку прилика да се разговара за односите на ЕУ и регионот.
