Евроинтеграции
Вархеји в среда доаѓа во Скопје
27.09.2021 12:33
Вархеји минатата недела беше во Бугарија каде разговараше за надминување на бугарската блокада за почеток на преговорите со Македонија во ЕУ.

Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, во среда доаѓа во Скопје. Програмата на посетата сѐ уште се финализира, но извесно е дека тој ќе се сретне со премиерот Зоран Заев.
Вархеји минатата недела беше во Бугарија каде разговараше за надминување на бугарската блокада за почеток на преговорите со Македонија во ЕУ.
Ден пред Вархеји во Скопје ќе биде и претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен.
