Почна вакцинацијата со трета доза „Фајзер“
Почна вакцинацијата со трета доза „Фајзер“ за лица над 60 години, здравствените работници и хронично болни. Трета доза вакцина може да примат и граѓаните кои се вакцинирале во странство. Тие претходно ќе мора да приложат валиден документ од примените две дози вакцина, информираат од здравство...

Граѓаните над 60 години, здравствените работници, хронично болните, ќе може да се вакцинираат со трета доза „Фајзер“, како заштита од Ковид-19. Услов е да поминат шест месеци од ревакцината.
Здравствените работници веќе се информирани дека ќе може да примаат трета доза. Во вакциналниот пункт „Јане Сандански“ неколку граѓани веќе биле имунизирани по третпат.
Без поголем метеж се одвива вакцинацијата во земјава. Дел од граѓаните кои беа пред вакциналните пунктови примаа втората доза од вакцината. Поделени се во мислењата, дали ќе се имунизираат и по третпат.
Како што најави министерот Филипче, граѓаните ќе бидат информирани преку СМС кога ќе биде нивниот термин за примање на трета доза од вакцината.
Викторија Милевска
