Бектеши: Мерките дадоа резултат, туристичката сезона беше успешна

27.09.2021 14:48

Според последните статистички податоци, во периодот јануари - јули 2021 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 56,6 %. Во истиот период регистрирани се скоро 320 илјади туристи во земјата кои што оствариле над еден милион ноќевања, нагласи министерот Бектеши.

Туризмот во светски рамки беше една од најпогодените индустрии од Пандемијата со Ковид 19 во изминатите две години, но главниот фокус на Владата на Република Северна Македонија преку Министерството за економија како надлежна институција за развој на туризмот беше да се поддржи овој сектор со конкретни мерки и активности. Според сите показатели оваа година, ние ги постигнавме очекуваните резултати. Туристичката сезона беше успешна, кажа министерот за економија Крешник Бектеши на обраќањето по повод Светскиот ден на туризмот 27 септември, кој Министерството за економија традиционално го одбележува секоја година.

Според последните статистички податоци, во периодот јануари - јули 2021 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 56,6 %. Во истиот период регистрирани се скоро 320 илјади туристи во земјата кои што оствариле над еден милион ноќевања, нагласи министерот Бектеши.

Можеме да резимираме дека имавме успешна сезона благодарение на политиките и мерките кои беа донесени од страна на Владата на Република Северна Македонија во консултација и соработка со приватниот сектор- кажа Бектеши.