Битола

Милевски: Време е за одлучност, Битола мора да се развива

27.09.2021 15:18

Кандидатот за градоначалник на Битола од движењето „Одлучно за промени“ Горан Милевски на прва прес- конференција од кампањата. Ги нагласи петте постулати на кои се потпира изборната програма и чија реализација треба да донесе подобар живот и иднина за неговите сограѓани...

Време е за одлучност, Битола мора да се развива. Петте постулати на кои се потпира нашата изборна програма нудат таква визија, рече кандидатот за градоначалник од движењето „Одлучно за промени“, Горан Милевски. Мора да имаме ефикасна и модерна администрација, граѓаните не смеат да чекаат. Прецизни и брзи одговори на секое нивно прашање. Ќе ги забрзаме процесите на урбанизација и легализација, а приоритет ќе биде новиот урбанистички план.

Милевски вели дека на полето на локалниот економски развој освен средствата од општинскиот буџет, максимално ќе се користат и законските средства од државниот буџет. Искуството како министер за локална самоуправа ќе ни овозможи поголема искористеност и на средствата од меѓународните фондации. Голем потенцијал гледа и во приватниот сектор.

Не помалку внимание ќе посветиме и кон развојот на туризмот, тој мора да се осовременува и да носи солидни приходи. Пелистер, посебно ски центрите мора да ги добијат одамна посакуваните инвестиции. Милевски стави акцент и на развојот на спортската инфраструктура.

Стевче Митревски