ДУИ од Гостивар ја почнува кампањата
Демократската унија за интеграција ја почна кампањата од Гостивар. Ја претставија изборната платформа, со која, како што велат, се нудат решенија за сите проблеми со кои се соочуваат гостиварци...

Демокатската унија за интеграција од Гостивар ја почнува кампањата за локалните избори. Од партијата ја претставија изборната платформа за Гостивар, со која, како што велат, се нудат решенија за сите проблеми со кои се соочуваат гостиварчани, а кои не ги решило сегашното раковдоство на општината. Велат – програмата е изготвена во соработка со граѓанското општество и слушајќи го гласот на народот.
Од ДУИ велат предвидена е изградба на три катни гаражи и нов мост што ќе обезбеди поврзување со регионалниот автопат. Според нив, со ова ќе се реши проблемот со паркирањето и ќе се воведе ред во сообраќајот.
Според нивната програма, предвидно е и воспоставување на еколошки системи за греење како и гасификација во секое место, снабдување со вода за пиење и модерни канализациски системи за сите граѓани.
Марија Котовска
