СДСМ традиционално ја стартува кампањата од Битола
Коалицијата на СДСМ „Најдоброто за нашата општина“ почна со претставување на кандидатите и програмата за локалните избори. Традиционално кампањата ја стартуваат од Битола. Претходно караванот ќе биде со граѓаните на Демир Хисар. Утре е во скопските општини Чаир и Кисела Вода...

Карванот на СДСМ и коалицијата под мотото „Најдоброто за мојата општина“ стартуваше со поединечни презентации на програмите на кандидатите за градоначалници во Скопје, Прилеп и Охрид.
Кандидатот на СДСМ за градоначалник на Скопје, Петре Шилегов ветува дека ќе продолжи со капиталните проекти кој што ги реализирал во првиот мандат. Тој потсети дека досега се изградени 4 булевари, и други инфраструктурни проекти кои што се од значење за градот. Шилегов вели дека ќе се реализира проектот за автобуски трајмав, како и реализација на изградба на клучката кај булеварот Словенија, што е всушност продолжение на клучката кај Момин поток. За јавните претпријатија имаме набавено 130 нови возила. ЈСП Скопје е побогато за 33 нови МАН автобуси, од кои единечни се 21, а зглобни се 12. Ова се едни од најквалитетните светски автобуси, односно кога ја купуваме механизацијата мислиме на тоа да го одбереме тоа што е најдобро за скопјани – рече Шилегов, на презентацијата на неговата изборна програма.
Потсети дека во северниот дел од градот Градот Скопје веќе биле завршени булеварите Босна и Херцеговина, Христијан Тодоровски Карпош и Никола Карев, а во тек е изведбата на клучката кај Момин поток.
Борбата за развиен и подобар Прилеп, секогаш била и ќе биде поголема од партиската, етничката, верската или било која друга припадност, вели кандидатот за графоначалник од СДСМ за Прилеп Горан Сугарески. Вели, го имаат концептот „Најдоброто за мојата општина“, со кој Прилеп прераснува во посакувано место за живеење, со висок квалитет на живот и задоволни граѓани.
Најдоброто за Прилеп, значи општина со модерната и урбана инфраструктура, со нови бизнис можности, со силна зелена агенда за почиста животна средина, со ефикасна администрација, со реализирани младина и општа благосостојба, посочи кандидатот од СДСМ .
Тој ги посочи и најважните пртоекти пд неговата изборна програма а тоа се уредување на влезовите во градот;булеварски решенија на главните сообраќајници, кружен тек кај новата автобуска станица и семен парк Прилеп - зелена оаза за релаксација и рекреација.
Кандидатот за градоначалник, Константин Георгиески од СДСМ и коалицијата, вели Охрид е светско наследство и национална гордост.
Водени од вас, цврсто чекориме кон патот на промените. Горди сме што успеавме да започнеме една нова ера на поголема свесност и тоа што како генерација покажавме дека умееме да ја искористиме историската шанса. Да го зачуваме богатството што ми е оставено во аманет, истакна Георгиевски.
Охрид заслужува да биде град со најдобар квалитет на живот. Град од кој луѓето нема да сакаат да си заминат, туку град во кој луѓето секогаш ќе се враќаат и ќе ги градат своите семејства, додаде тој.
Успеавме да ја оствариме нашата најважна мисија, а тоа е раслизција на процесот на раздолжување на општината со што исполнавме едно големо ветување со кое бевме обврзани пред вас. Креираме проекти за подобра инфраструктура, обезбедуваме подобро урбано планирање, заштита на животната средина, современ туризам, побрз локален економски развој и социјална сигурност за младите, вели кандидатот на владејачката СДСМ за градоначачник Георгиевски.
Кандидатите на СДСМ за градоначалници ја презентираа својата изборна програма и во општините Аеродром и Битола.
Игор Панов
