Левица нуди нови решенија за подобрување на Општина Карпош
Левица како нова партија нуди нови решенија, нови сили за подобрување на условите во кои се наоѓа општината, посочи кандидатот на Левица за градоначалник на Општина Карпош, Дарко Ристовски.

Попладнево паријата Левица отвори канцеларија во Тафталиџе. Со ова и официјално го означија стартот на кампањата за претстојните локални избори. Левица како нова партија нуди нови решенија, нови сили за подобрување на условите во кои се наоѓа општината, посочи кандидатот на Левица за градоначалник на Општина Карпош, Дарко Ристовски.
Нашите цели се јасни, ние не сме за замена, ние сме за голема промена на тековите кои досега ги имаше општината, вели Ристовски. Најголема заложба ќе им биде ревизија на деталните урбанистички планови и сопирање на огромната бетонизација.
Од Левица наведуваат дека треба да се подобрат и комуналните решенија и другите јавни услуги. Велат дека ќе понудат транспарентност во работата, ќе се залагаат за отчетност.
Посочуваат дека е потребно да се направи баланс помеѓу трошоците и приходите во локалната самоуправа. Ќе се залагаат за обновување на парковите и унапредување на зелените политики на локално ниво.
Сунчица Николоска
