Фон дер Лајен денеска во Скопје, утре во посета доаѓа и Вархеји
Претседателката на Европската комисија доаѓа во посета на Западен Балкан за да ја потврди посветеноста на Унијата кон регионот. Според најавите, на средбите со државниот врв, главна тема- спорот со Бугарија и неговото надминување...

Претседателката на Eвропската комисија, Урсула фон дер Лајен доаѓа во посета на Македонија. Според најавите, на средбите со државниот врв, главна тема- спорот со Бугарија и неговото надминување.
Претседателката на Европската комисија доаѓа во посета на Западен Балкан за да ја потврди посветеноста на Унијата кон регионот. Ова се партнери на ЕУ со кои имаме многу силни врски- порака од Брисел.
Фон дер Лајен до четврток ќе ги посети сите шест земји од регионот, една недела пред самитот ЕУ- Западен Балкан, кој ќе се одржи на 6-ти октомври во Словенија. Од Европската унија потенцираат дека нема да биде „Самит за проширувањето“ туку, прилика да се разговара за односите на Европската унија и регионот.
Утре, пак, во Скопје доаѓа и еврокомесарот за проширување и соседска политика Вархеји, кој минатата недела беше во Софија. Таму разговараше за надминување на бугарската блокада за почеток на преговорите на Македонија во Унијата.
