Во Велес недостасува паркинг простор
Велес има шест паркинг простори со околу 500 места, ова за потребите на велешани е премалку ако се знае дека вкупната бројка на регистрирани автомобили е околу девет илјади. Од понеделник до петок вистинска среќа е во центарот н аградот да се најде простор за прописно паркирање. Затоа тротоарите наместо место за движење на пешаци возачите ги пренаменуваат во место за паркирање на автомобили...

Наместо простор за пешаци тротоарите во центарот на Велес се почесто се места за паркирање на автомобили. Во работни денови од 8 до 15 часот скоро и да е невозможно да се најде место за прописно паркирање.
„Нема доволно паркинг простор...како се снаоѓате... никако не се снаоѓаме се паркираме кај ќе најдеме... Лошо нема доволно каде да се паркира...Како што гледате мал е просторот...“, велат возачите.
Ваквата состојба им пречи и на пешаците.
„Не е убаво на тротоари паркирани коли, Некаде тротоарите се излупени не се за минување...Тоа е главен проблем на градот, Општината мора да најде решение...“, велат велешани.
Покрај зголемениот број на автомобили и новите станбено деловни комплекси во централното градско подрачје се причина за поголема сообраќајна фрекфенција. Тука се сконцентрирани сите банки, нотари и адвокати па тоа ја прави потребата за времено паркирање уште поголема.
Капацитетеот на двата паркинг проестори во центарот на Велес е премел да ги собере сите автомобили кои дневно има потреба да се паркираат. Сообраќајните експерти велат катната гаража е единствено решение за овој проблем.
На хартија решението е најдено. Истото треба час поскоро и на терен да се реализира.
„Во крајна фаза е изработка на ГУП на градот кој предвидува изградба на паркинг простори на неколку локации во градот“, рече Мартин Мајсторов, портпарол на општина Велес.
Сообраќајните експерти тврдат проблемот со паркин простпрот во Велес целосно ќе се реши со реализација на проектот за новиот сообраќаен режим.
Дијана Иванова
