Попис 2021
Попишани 1.695.549 лица, 526.605 домаќинства и 752.916 станови
28.09.2021 10:20
Денеска е 24-тиот ден од Пописот 2021 и до крајот остануваат уште два дена пописни активности.

Вкупно 1.695.549 лица, 526.605 домаќинства и 752.916 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави денеска Државниот завод за статистика.
Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 199.819 граѓани од дијаспората.
Денеска е 24-тиот ден од Пописот 2021 и до крајот остануваат уште два дена пописни активности.
Освен во своите домови, граѓаните можат да се попишат и на одредени пунктови во нивните општини.
Пописот на населението, домаќинствата и становите ќе трае до 30-ти септември.
