Пчеларството повеќе е хоби, отколку бизнис
Кај нас пчеларството сѐ уште се смета повеќе за хоби отколку за бизнис. Од скоро 6.000 пчелари само 10 до 15 проценти професионално се занимаваат со оваа дејност, а медот најчесто се користи како лек, наместо храна. Имаме и свој вид пчела „Mакедоника“ за која експертите сметаат дека треба да има поголема заштита на чистотата и да буде повеќе застапена во македонските кошници…

Медот во земјава повеќе се консумира како лек, а не како храна. Користиме во просек помалку од еден килограм по глава на жител, за разлика од Словенија каде што се троши по девет или во Јапонија до 16 килограми годишно.
Според здружението за заштита на автохтоната македонска пчела „Mакедоника“ во последните неколку години е зачестена нелегалната продажба на матици од „увезени“ подвидови пчели со што се намалува бројноста и чистиотата на домашениот вид. Хибридизираните пчели се со намалена виталност, потешко презимуваат и не обезбедуваат рентабилно пчеларење на подолг рок.
Како најголем и најсериозен проблем од сето ова е нарушувањето на биолошката разновидност на растителниот и животинскиот свет што носи негативни влијанија, а пчеларскиот сектор се доведува во незавидна ситуација, со економски штети кои можат да бидат големи.
Пчеларството страда и од климатките промени. Тоа се почуствува и годинава. Иако на почетокот на пролетта одгледувачите на пчели очекуваа дека ќе се соберат во просек од 25 до 30 килограми по пчелно семејство, временскитее непогоди им ги измешаа сметките. Во повардарието, поради високите летни температури без врнежи што ја исушија вегетацијата пчелите останаа без храна а приносите на мед се намалија од 6 до 11 килограми по кошница.
Методија Трајков
