Ковид-19 трајно ќе го намали очекуваниот животен век за најмалку 10 години
Докторот по биолошки науки и професорка на Факултетот за системска биологија на универзитетот Џорџ Мејсон, Анча Баранова смета дека имаме нов природен непријател...

Главното сценарио за развој на пандемијата со Ковид-19 е трајно намалување на очекуваниот животен век за најмалку 10 години.
Докторот по биолошки науки и професорка на Факултетот за системска биологија на универзитетот Џорџ Мејсон, Анча Баранова смета дека имаме нов природен непријател. Според неа можно е вирусот природно да ослабне со текот на времето. По две или три генерации, во просек, луѓето подобро ќе се справат со коронавирусот, дури и без лекови, изјави Баранова.
Во меѓувреме американскиот претседател Бајден ја прими третата доза „Фајзер“. Администрацијата на САД се надева дека имунизирањето со трета доза ќе оди полесно. Агенцијата за храна и лекови и Центарот за контрола и превенција на болести истакна дека третата доза се прима шест месеци по втората и наменета е за луѓето над 65 години, како и за помлади кај кои постои поголем ризик да развијат сериозна форма на Ковид-19.
