НБА

Атланта загуби без Антиќ, врза 5 пораза

28.03.2014 10:44

Хјустон славеше против Филаделфија на крилјата на Харден, Милвоки ги совлада Лејкерс, Далас загуби дома од Клиперс...

Во дуелот на Атланта и Портланд, на кој што не настапи нашиот интернационалец Перо Антиќ поради повреда на скочниот зглоб, славеше гостинската екипа со 85:100. Олдриџ беше најефикасен кај победникот и на натпреварот, со 25 постигнати поени.
 
Тиг постигна 22 поена за поразената екипа веднаш по меч во кој што остана без поени за прв пат сезонава и го стигна просекот од претходните четири натпревара (23 поени). Ова беше третиот пораз во низа за Атланта на домашен терен, вкупно 5-ти во серија.
 
Харден постигна 26 поена во победата на Хјустон против Сиксерс, 120:98. Во противничкиот табор, Андерсон имаше 30. Далас ја загуби пресметката со Клиперс, во меч во кој што кај домаќините блесна Картер со 23 поена, но беше засенет од Крис Пол кој што на спротивната страна реализира 31. Милвоки ги победи Лејкерс, со 108:105. Најт реализира 30 поени, а кај поразената екипа Хил имаше 2 поена помалку.
 
Атланта – Портланд 85:100
Хјустон – Филаделфија 120:98
Далас – ЛА Клиперс 103:109
Милвоки – ЛА Лејкерс 108:105