Свет

Авганистан во последен момент се откажа од обраќањето во ОН

28.09.2021 11:49

Според ОН, обраќањето на Авганистан било планирано за вчера, а земјата го повлекла учеството без да биде наведена причината

Амбасадорот на Авганистан во ОН повлечен од листата на земји чии претставници се обраќаат на заседанието на Генералното собрание на светската организација. Според ОН, обраќањето на Авганистан било планирано за вчера, а земјата го повлекла учеството без да биде наведена причината.

Талибанците, кои се на власт во Авганистан од август, побараа пред Генералното собрание на ОН да му се обрати новиот министер за надворешни работи што тие го назначија.