Ахмети: Имаме понуда која ќе биде од корист на сите граѓани
Како партија во изминативе изборни циклуси остваривме многу и затоа ја заслужуваме поддршката за уште изборна победа, оти тоа што го нудиме е изработено од експерти, истакна претседателот на ДУИ, Али Ахмети на синоќешниот митинг кој неговата партија го оджа во Гостивар...

Имаме понуда која ќе биде од корист на сите граѓани без разлика на нивната етничка припадност, посочи лидерот на ДУИ Али Ахмети на митингот од Гостивар. Со овој тим од стручни луѓе од нивните области, за кој ќе гласаме на 17-ти октомври отвораме нова страница и со нив започнува третата декада со победи. Тој посочи дека ДУИ ја има најдобрата понуда, со силна платформа „Зелена агенда, агенда за живот“.
„Работиме посветено за да ја направиме земјата подобра од вчера. Да имаме почиста животна средина, поздрав живот. Така, на 17-ти октомври не само оние што гласаа за ДУИ, така и сите граѓани, Македонци, Турци, Бошњаци, Срби треба да гласаат за агенда која е смела и го штити здравјето на сите. Како што верував дека ќе има албански премиер, така и оваа агенда ќе се оствари која бара знаење, внимание, експерти, а сето тоа ние го имаме“, нагласи Ахмети во Гостивар.
Пред гостиварци се обрати и Талат Џафери, координаторот на ДУИ за изборите за шестата изборна единица.
„На овие избори ќе се занимаваме со самите себе, а не со противниците. Тоа пренесете им го и на останатите. Со противниците ќе се занимаваат граѓаните, кои знаат да проценат праведно“, рече Џафери.
На митингот на ДУИ под мотото „Одбери живот, гласај зелено“, беа промовирани и видеоспотовите на партијата за овие избори.
Зоран Димовски
