Можна итна седница за рокот за попис

28.09.2021 12:56

Спикерот Џафери најавува можно свикување итна собраниска седница за продолжување на рокот за спроведување на пописот. За теренската операција преостануваат уште два дена...

Спикерот Џафери најавува можно свикување итна собраниска седница за продолжување на рокот за спроведување на пописот. За теренската операција преостануваат уште два дена.

Непишано правило е Собранието да работи во изборна кампања, но тоа не значи дека ако има итна потреба, да не заседава. Во однос на изјавата на директорот на Државниот завод за статистика дека е можно да биде побарано продолжување на пописот поради хакерските напади, ова е прашање кое треба да биде предлог на Владата или на група пратеници за измена на законот. Треба да има конкретен предлог, а поради фактот дека во Собранието учествуваат политички субјекти од разни проминенции, тој треба да биде усогласен меѓу нив, истакна денеска Џафери.

Согласно процедурите, ваква итна седница може да свика претседателот на Собранието, но вообичаено вакви седници се свикуваат со барање на 20 пратеници.

Собранискиот претседател вели дека пречка за нормално функционирање на законодавниот дом се комисиите. Од политички и од лични причини, претседателите не закажуваат комисиски расправи- тврди Џафери.