Локални избори

Сали: Чаир ќе биде подобро место за живеење

28.09.2021 15:30

Беким Сали, кандидат за градоначалник на Чаир од Алијанса и Алтернатива, кој е поддржан од ВМРО-ДПМНЕ пред присутните рече дека ќе се залага за безбедноста во општината за која како што вели е доведена под знак прашање...

Беким Сали, кандидат за градоначалник на Чаир од Алијанса и Алтернатива, кој е поддржан од ВМРО-ДПМНЕ пред присутните рече дека ќе се залага за безбедноста во општината за која како што вели е доведена под знак прашање. Во својата програма тој нуди и финансиска помош за основање мали бизниси кои ќе бидат мултиетички.

„Доаѓаме на власт во Чаир за да го зголемиме нивото на безбедност, отворајќи уште три полициски пункта низ населбите во Чаир. За да создадеме уште 1.700 паркинг места преку изградба на подземни гаражи и организирање на секој метар слободен простор но не оштетувајќи ги зелените површини. Ние ќе доделиме 250 илјади евра годишно за субвеници за поправка на колективните станбени згради. Ние ќе овозможиме електорнски шалтери за 24 часовно издавање на општински документи“, нагласи Сали.

Секоја партија си има своја стратегија, ние сметаме дека симболиката е битна за нас, затоа што мислиме дека Чаир сега ќе премине во рацете на Алијанса и Алтернатива. Овие избори мислам дека се многу повеќе од локални избори, рече во оваа прилика генералниот секретар на Алтернатива, Таравари.

Од коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива рекоа дека ќе дојдат на власт во општина Чаир, не за да им се одмаздат на неистомислениците, туку за да го направат подобро место за живеење.

Фиљана Кока