Шаќири: Да донесеме промени, да му го вратиме сјајот на Скопје
Одлучни сме да ги донесеме промените во нашите општини, кои на сите ни се потребни за да можеме да имаме здрав и квалитетен живот. Направивме моќна политичка групација на силни индивидуи, интелектуалци, луѓе кои размислуваат со сопствената глава – беше кажано на првиот митинг на движењето „Одлучно за промени“...

Одлучни сме да ги донесеме промените во нашите општини, кои на сите ни се потребни за да можеме да имаме здрав и квалитетен живот. Направивме моќна политичка групација на силни индивидуи, интелектуалци, луѓе кои размислуваат со сопствената глава – беше кажано на првиот митинг на движењето „Одлучно за промени“, предводено од ЛДП и ДОМ. Сега Скопје е сив, тмурен и депресивен град. Мораме на градот да му го вратиме сјајот, порача кандидатот за градоначалник Арбен Шаќири.
Време е конечно да ги дигитализираме нашите општини, бидејќи и ние и поколенијата коишто доаѓаат по нас сакаат да живеат во модерни современи средини, рече претседателката на ДОМ, Маја Морачанин.
Движењето „Одлучно за промени“ на локалните избори има 18 кандидати за градоначалници и 51 советничка листа.
Миле Ристески
