Локални избори

Димитријевиќ: Искоренување на корупцијата и стопирање на градежната експанзија во Ѓорче Петров

28.09.2021 16:06

Искоренување на корупцијата и стопирање на градежната експанзија, најавува кандидатот за градоначалник на Ѓорче Петров од Левица, Александар Димитријевиќ. Тој вели дека општинската администрација ќе биде професионална, а документите ќе се дигатилизираат...

Искоренување на корупцијата и стопирање на градежната експанзија, најавува кандидатот за градоначалник на Ѓорче Петров од Левица, Александар Димитријевиќ. Тој вели дека општинската администрација ќе биде професионална, а документите ќе се дигатилизираат. За да се зголеми транспарентноста, седниците на општинкиот совет ќе се снимаат.

Димитријевиќ ќе се залага и за активирање на месните заедници во кои ќе работат луѓе задолжени за решавање на проблемите и потребите на граѓаните, а тој ќе одговара на електронски пораки и два часа во денот ќе разговара со мештаните.

Димитријевиќ ќе работи и на привлекување инвеститори кои ќе користат поволности ако вработат жители на општината. Сточарите и земјоделците ќе добијат помош за за користење на европските фондови како и сигурен откуп на нивните производи.

Градинки и игралишта за децата, спортски терени за младите, ветува Димитријевиќ, но и решавање на проблемот со водоснабдувањето. Дивите депонии, вели тој, ќе се исчистат, а ќе се решава и проблемот со паркирањето и со јавниот превоз.

Анита Димитријевска Велковска