Порто Алегре ја губи трката со роковите
Стадионот беше официјално пуштен во употреба во минатиот месец, но проблемот е поширокиот инфраструктурен простор околу него...

Одбројувањето до почетокот на Светското фудбалско првенство станува депримирачко за Порто Алегре, еден од градовите домаќини. Од канцеларијата на градоначалникот е соопштено дека „Беира-Рио“ стадионот неможе да биде целосно подготвен во роковите поставени од ФИФА.
Стадионот беше официјално пуштен во употреба во минатиот месец, но проблемот е поширокиот инфраструктурен простор околу него. Се доцни со асфалтирање и изградба на делот предвиден за медиумите и спонзорите.
На „Беира-Рио“ кој е со капацитет за 50.000 гледачи треба да се одиграат 5 натпревари. Првиот е на 15 јуни меѓу Франција и Хондурас. Последниот рок поставен од ФИФА за комплетната подготвеност на стадионот е 21 мај.
