Творештвото на мекдонските уметници претставено во Хрватска
Манифестацијата „Творештво на македонски уметници во Хрватска“ ја организира Заедницата на македонците во Република Хрватска и македонското културно друштво „Билјана“ од Задар...

Посетителите во Задар, Хрватска, имаат можност да ја посетат изложбата насловена „Слика што зборува“. Манифестацијата „Творештво на македонски уметници во Хрватска“ ја организира Заедницата на македонците во Република Хрватска и македонското културно друштво „Билјана“ од Задар.
Авторска е Оливера Вапска, а за неа зборува Милена Георгиевска, главна уредничка на „Македонски глас“.
Изложбата е во просториите на Градската библиотека во Задар.
Пригодна програма имаат секциите на македонското културно друштво „Билјана“ од Задар и нивните гости. Изложбата трае до први октомври 2021-ва.
Покровители се Советот на македонските национални малцинства на Република Хрватска и Претставничката на македонското национално малцинство во Задарската жупанија.
Аида Николовска
