467 нови случаи со Ковид-19, починати 14 лица
Вкупната бројка на ковид- дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 190.463 бројката на оздравени пациенти е 171.871, на починати е 6.630, а бројот на активни случаи изнесува 11.962.

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа nаправени се 3.512 тестирања, а регистрирани се 467 нови случаи на Ковид-19, од кои половината во Скопје. Регистрирани сe 496 оздравени.
Во текот на изминатите 24 часа починале 14 лица, сите во болнички услови. Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, пријавени се уште 9 починати лица, со датум на смрт од 08.09.2021 до 28.09.2021 година. Од пријавените лица 5 се починати во домашни услови, а 4 лица се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид- дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 190.463 бројката на оздравени пациенти е 171.871, на починати е 6.630, а бројот на активни случаи изнесува 11.962.
Досега во земјата се направени вкупно 1.282.666 тестирања на Ковид-19.
