Средба Пендаровски- Фон дер Лајен

28.09.2021 21:05

Соговорниците разменија мислења и информации за најновите случувања поврзани со нашата европска интеграција и констатираа дека отпочнување на пристапни преговори на Северна Македонија со Европската Унија дополнително ќе го интензивира реформскиот процес и ќе овозможи економски и социјален напредок.

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон дер Лајен која престојува во посета на земјава.

Претседателот Пендаровски изрази благодарност за оваа посета и за личниот ангажман на претседателката на Европската Комисија и посветеноста кон земјите од Западен Балкан, соопштуваат од претседателскиот кабинет.

Соговорниците разменија мислења и информации за најновите случувања поврзани со нашата европска интеграција и констатираа дека отпочнување на пристапни преговори на Северна Македонија со Европската Унија дополнително ќе го интензивира реформскиот процес и ќе овозможи економски и социјален напредок.

Претседателот Пендаровски ја нагласи важноста на поддршката од Европската Комисија во контекст на европската солидарност за вклучување на регионот во сите иницијативи предводени од Европската Унија, како и за ублажување на последиците од пандемијата на Ковид-19.

Соговорниците разговараа и за актуелните случувања во регионот како и за економско-инвестицискиот план на Европската Унија за земјите од Западен Балкан.