Стразбур

Димитров во Стразбур како специјален говорник на есенската сесија на ПССЕ

29.09.2021 09:21

Пред членовите на ПССЕ, вицепремиерот Димитров ќе го претстави напредокот на Северна Македонија во исполнување на стратешките приоритети, како и регионалната соработка во однос на европските интеграции по што ќе бидат разменети мислења за предизвиците и можностите во тој контекст.

На покана на претседателот Рик Даемс, вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, утре ќе има специјално обраќање на есенската сесија на Парламентарното собрание при Советот на Европа, што се одржува во Стразбур, Франција.

Пред членовите на ПССЕ, вицепремиерот Димитров ќе го претстави напредокот на Северна Македонија во исполнување на стратешките приоритети, како и регионалната соработка во однос на европските интеграции по што ќе бидат разменети мислења за предизвиците и можностите во тој контекст.

По неговото обраќање, предвидена е дискусија за демократските предизвици и европските аспирации за Западниот Балкан и улогата на Советот на Европа во таа смисла.