Сточарство

Директна продажба од мали фарми

29.09.2021 09:44

Маркетите и локалните малопродажни објекти, можат да продаваат месо и млеко и нивни преработки, јајца, риби и мед кои ги набавиле директно од малите фармери. На овој начин се олеснува продажбата на производството на сточарите, а ќе се зголеми и понудата на традиционално произведената храна…

Индивидуалните производители, месото и месните преработки кои ќе ги продаваат на пазарот и во малопродажбата треба да потекнувата од фарма која е регистрирана од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство.

На фармата ќе се колат животни само од сопствено производство, а месото ќе се продава на крајниот потрошувач на лице место и за сопствена локална туристичка понуда. Бројот на животни кои може да се заколат во објектот изнесува 4 говеда неделно, 6 телиња, 6 свињи, 20 прасиња, 5 овци, 10 јагниња, 20 зајаци и 5 ноеви.

Фармерот во сопствениот објект за преработки од месо, ќе може да произведува најмногу до 4.000 килограми сувомеснати производи во текот на една  неделна.

Со правилникот се предвидува и користење на мобилни кланици кои исто така треба да бидат одобрени од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Тие може да се движат од една до друга локација, фарма или ловиште со претходно известување каде ќе се врши колењето или обработката на дивечот.

 

Методија Трајков