Индустриското производство во февруари со раст од 4,1%
28.03.2014 11:02
Според последните податоци на Државниот завод за статистика, индустриското производство во февруари годинава забележа пораст од 4,1%.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство вадење камен во однос на февруари 2013 година, бележи пораст од 3,5 %, во преработувачката индустрија бележи пораст од 10 %, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се забележува опаѓање од 21,5 %.

Според главните индустриски групи, производството во февруари 2014 година, во однос на февруари 2013 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 15,5 % и Капитални производи за 39,1 %, додека опаѓање бележи кај Енергијата за 16,5 %, Трајните производи за широка потрошувачка за 7,2 % и нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,4 %.