Сирија

ОН: Путин и Ердоган да гарантираат мир во Идлиб

29.09.2021 10:37

Сирија е поделена на неколку зони во кои меѓународните играчи се натпреваруваат за превласт...

Во пресрет на средбата помеѓу претседателот на Турција и на Русија, Реџеп Таип Ердоган и Владимир Путин, специјалниот пратеник на Обединети нации за Сирија, Геир Педерсен ги повика да помогнат за обезбедување мир во сириската провинција Идлиб.

Истакна дека Сирија е поделена на неколку зони во кои меѓународните играчи се натпреваруваат за превласт. Додаде дека нападите врз камповите на раселените лица, особено на Турско-сириската граница се засилени во провинцијата Идлиб.