Сад

Џон Кери во посета на Европа

29.09.2021 11:23

Со своите колеги ќе разговараат околу мерките за надминување на климатската криза пред почетокот на 26-та конференција на Обединетите нации за климатски промени.

Американскиот специјален пратеник за климатски промени Џон Кери од денеска до 6 октомври е во официјална посета на Швајцарија, Италија и Франција.

Со своите колеги ќе разговараат околу мерките за надминување на климатската криза пред почетокот на 26-та конференција на Обединетите нации за климатски промени.

Дваесет и шестата конференција на Обединетите нации за климатски промени ќе се одржи во Глазгов од 31 октомври до 12 ноември.