Попис 2021

Досега попишани 1.760.194 лица во земјава и 201.247 од дијаспората

29.09.2021 10:52

Денеска е 25-тиот ден од Пописот 2021 и до крајот остануваат уште еден ден пописни активности.

Заклучно до денеска во 7:30 часот во земјава се попишани вкупно 1.760.194 лица, 546.080 домаќинства и 789.406 станови, соопшти Државниот завод за статистика.

Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 201.247 граѓани од дијаспората.

Денеска е 25-тиот ден од Пописот 2021 и до крајот остануваат уште еден ден пописни активности.

Освен во своите домови, граѓаните можат да се попишат и на одредени пунктови во нивните општини, што ги отвори Државниот завод за статистика.

Пописот на населението, домаќинствата и становите кој официјално започна на 5-ти септември ќе трае до утре, 30-ти септември.