Зелен чај – здрав напиток
Зелениот чај се прави од суви лисја на растението Camellia sinensis, истото растение од кое што се прави и црниот чај. Разликата помеѓу зелениот и црниот чај е во начинот на преработка.

Зелениот чај е неверојатен извор на здравје и постојат многубројни истражувања кои го докажале тоа. Тој е моќен антиоксиданс кој што треба да биде дел од секојдневната исхрана.
Зелениот чај се прави од суви лисја на растението Camellia sinensis, истото растение од кое што се прави и црниот чај. Разликата помеѓу зелениот и црниот чај е во начинот на преработка.
Овој чај е богат извор на полифеноли. Тоа се моќни антиоксиданси кои ги уништуваат слободните радикали во телото. Еден од најстарите светски познати истражувачи за полезното дејство на зелениот чај.
Зелениот чај помага во спречување на појава на рак, срцеви заболувања, намалување на холестерол а и го подобрува имунитетот.
Моќното позитивно дејство на зелениот чај е докажано и во борбата против рак на кожа и Паркинсонова болест, а исто така и против воспаленија. Зелениот чај го стимулира метаболизмот, го намалува високиот крвен притисок и шеќерот во крвта и помага за убав изглед на кожата.
Слободно може да се каже дека зелениот чај е еден од оние продукти кои не треба да ги прескокнувате. Не само што е чудотворен извор на здравје, туку е и идеален сојузник во борбата со килограмите.
Тој ја забрзува работата на метаболизмот и го стимулира согорувањето на масти во телото.
Зелениот чај содржи кофеин и консумирањето во поголеми количини може да предизвика проблеми со спиењето. Ако досега не сте пиеле зелен чај, најдобро е да започнете со една чаша дневно.
Најдобро е да се консумира до 4-5 чаши дневно, иако кинезите и многу експерти советуваат дека е корисно да се пијат и 10 чаши дневно
