Австралија: Се укинуваат епидемиолошките мерки, но не важат за сите
29.09.2021 12:17
Ризик од забрана за разни социјални активности имаат жителите на Сиднеј кои не се вакцинирани, предупреди премиерката на државата Нов Јужен Велс, Гладис Березкилијан.

Според планот за излез од блокадата во најголемиот австралиски град, на невакцинираните лица им се скратени некои активности, а кои постепено ќе им се одобруваат на вакцинираните жители од 11 октомври до 1 декември.
Ризик од забрана за разни социјални активности имаат жителите на Сиднеј кои не се вакцинирани, предупреди премиерката на државата Нов Јужен Велс, Гладис Березкилијан.
Рече дека на луѓето кои одлучуваат да не се вакцинираат може да им се забрани пристап до продавници, ресторани и забавни објекти дури и откако државата ќе ги укине сите ограничувања.
