Нова насока во потрагата по остатоците од малезискиот авион

28.03.2014 11:07

Медиумите јавуваат дека областа која се пребарува е полесно достапна...

Променет правецот на потрагата по остатоците од исчезнатиот малезиски Боинг, откако австралиските власти соопштија дека леталото немало доволно гориво и не можел да стигне до Индискиот океан.

Медиумите јавуваат дека областа која се пребарува е полесно достапна и се надеваат дека ќе имаат успех.

Десет авиони и шест бродови од повеќе земји се вклучени во потрагата.