Свет

Северна Кореја тестираше суперсонична ракета

29.09.2021 12:39

Суперсоничните ракети се многу побрзи од конвенционалните балистички или крстосувачки ракети. Исто така, многу потешко се откриваат и пресретнуваат со системи за противракетна одбрана.

Северна Кореја изврши успешно тестирање на суперсонична ракета, објави официјалната Севернокорејска новинска агенција, оценувајќи дека се работи за голем технолошки напредок.

Успехот на овој тест е „од голема стратешка важност“ затоа што Пјонгјанг се обидува да ги зголеми одбранбените способности.

Суперсоничните ракети се многу побрзи од конвенционалните балистички или крстосувачки ракети. Исто така, многу потешко се откриваат и пресретнуваат со системи за противракетна одбрана.

Ова е трето ракетно тестирање на Северна Кореја овој месец.